Над милион ученици во Њујорк ќе отсуствуваат од училиште заради Штрајкот за климата

Фото: Профимедиа

На Штрајкот за климата во Њујорк, познат и како „Fridays For Future” учество ќе земат околу 1,1 милиони ученици, објави Аксиос.

Директорите на училиштата во САД не знаат каков став да заземат откако њујоршките власти соопштија дека децата нема да добијат неоправдани за учеството во петочните протести.

Штрајкот за климата произлезе од протестот „Fridays For Future”, кој го започна шведската активистка, 16-годишната Грета Тунберг која секој петок изостануваше од настава за да протестира пред Владата во обид да ја поттикне да се заложи повеќе во борбата со климатските промени.

Протесtот на учениците во Њујорк има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон заштитата на животната средина, на три дена пред Самитот на ОН посветен на климата. Над 115 држави и над 1000 градови изразија намера да се вклучат во протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот