Над милион Американци веќе гласаа на претседателските избори

Повеќе од 1,2 милиони Американци веќе гласаа за претседател без да чекаат на  првата дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден во Кливленд, Охајо.

Тоа е според анкетата на Си-Ен-Ен, спроведена меѓу изборни претставници во 20 држави.

Околу 800.000 од поднесените гласачки ливчиња доаѓаат од осум најконкурентни држави. Само во Северна Каролина и Висконсин веќе се поднесени над 500.000 гласачки ливчиња – приближно четвртина од бараниот број.

Големиот процент сугерира дека многу гласачи ги послушале советите на политичарите и изборните службеници кои ги повикаа луѓето брзо да ги испраќаат своите гласачки ливчиња поради страв од одложена достава на пошта.

Сепак, овие гласови се уште се мал дел од гласовите дадени оваа година. Трамп и Хилари Клинтон добија околу 130 милиони гласови заедно во 2016 година. 

Прочитајте и...  Стејт департмент: Утре стапува на сила примирје во Нагорно Карабах

Поврзани вести

Бајден: Трамп истакна бело знаме пред коронавирусот

Слободен печат

Стејт департмент: Утре стапува на сила примирје во Нагорно Карабах

Слободен печат

Путин: Не гледам ништо противзаконски во активностите на Хантер Бајден

Слободен печат

Нов црн рекорд во Франција: Повеќе од 50.000 новозаразени, ситуацијата во болниците се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп тврди – „Конфликтот во Нагорно Карабах може лесно да се реши“

Слободен печат

Коронавирусот се појави и во хрватската Влада: Позитивна министерката Брњац, уште двајца министри одат во самоизолација

Слободен печат

Остави Коментар