Над Италија се надвисна нова опасност – Заразата не стивнува, населението сега стравува од глад

ФОТО: EPA / GIUSEPPE LAMI

Во супермаркетите има доволно храна, но многу луѓе кои се бореа да состават крај со крај, немаат пари да ја платат сметката.

Додека Италијанците се борат со ужасните последици од епидемијата од коронавирусот, нова опасност ја демне оваа земја која е во тешка економска положба поради заразата, па може да престои и глад за оние луѓе кои останаа без работа и заработка.

Рекорден број починати од коронавирусот во Италија: вчера 969 лица ѝ подлегнаа на болеста, бројот на починатите лекари се искачи на 51, а пет недели по почетокот на епидемијата регистрирани се над 86.498 заразени, па бројот на позитивни на вирусот го надмина вкупниот број на заболени во Кина, стои во извештаите.

Експертите кои го следат ширењето на коронавирусот во Италија тврдат дека постојат цврсти докази дека бројот на заразените е 10 пати поголем од оној кој официјално се соопштува и дека тој достигнува и цифра од околу 600.000.

Месец ипол дена од почетокот на епидемијата и рестриктивните мерки, генералното расположение на граѓаните во Италија се менува. Медиумите предупредуваат на внимателност, граѓаните престанаа да пејат од балконите.

Медиумите објавуваат анкети со луѓето во супермаркетите, а пораката е дека „стравот се претвори во гнев“.

Во супермаркетите има доволно храна, но многу луѓе кои пред тоа се бореа да состават крај со крај, немаат пари таа да ја платат.

Исто така граѓаните јавуаат дека одредени големи дистрибутери на храна ги зголемиле цените.

„Гладни сме“, се почесто се слуша од луѓето кои останаа без работа и без пари.

Некој од нив плаче, некој шепоти, а оние бесните се обидуваат да земат храна од супермаркетите, без да платат.

Супермарект во Палермо беше на удар на дваесетина семејства кои ги наполнија количките со намирници и се обидоа да излезат, а да не платат. Интевернираше полицијата.

Протестите засега не се масовни, но е јасно дека државата набрзо ќе мора да поведе сметка за тоа. Мерките кои досега се донесени за ублажување на економската криза доцнат.

Владата подготвува нов декрет, и според достапните информации карантинот се продолжува за најмалку уште де седмици по престанокот на сегашната одлука на 3. април.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот