Над илјада еврејски аџии заглавени на границата на Украина (ВИДЕО)

This handout picture provided by the press service of Ukraine's border guard service on September 16, 2020 shows Jewish pilgrims stuck between Ukrainian and Belarusian border crossings.,Image: 558226938, License: Rights-managed, Restrictions: RESTRICTED TO EDITORIAL USE - MANDATORY CREDIT "AFP PHOTO / Ukraine's border guard service / handout " - NO MARKETING - NO ADVERTISING CAMPAIGNS - DISTRIBUTED AS A SERVICE TO CLIENTS, Model Release: no, Credit line: Handout / AFP / Profimedia

Повеќе од илјада еврејски аџии, меѓу кои и деца, останаа и денеска блокирани на границата меѓу Белорусија и Украина, откако Киев одби да им дозволи да го минат преминот поради мерките воведени поради коронавирусот, објави Бета.

Секоја година, десетици илјади хасидски Евреи патуваат во украинскиот град Уман до гробот на рабинот Наман, основачот на движењето Бреслов Хасидик, пренесува Франс 24.

Аџиите допатувале иако и украинската и израелската влада минатиот месец им порачаа да не го прават тоа.

Украина забрани влез на странци во земјата до крајот на септември поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19.

Пограничната служба на Украина наведува дека има околу 1.000 лица на границата, додека на белоруската граница велат дека бројот е 1.064 и дека меѓу нив има 242 деца. Белоруската гранична полиција, исто така, информира дека им дала храна и топли шатори на аџиите, иако тие се жалат дека им студи и се гладни.

– Во моментов, ситуацијата не дозволува да ги пуштиме хасидските Евреите во Украина, изјави за украинскиот канал 24 ТВ украинскиот заменик министер за надворешни работи, Јевгениј Јењин.

Украинската гранична полиција објави снимка на која се гледа како Евреите во традиционална носија се молат со книги во рацете на сред пат.

Аџиите се под надзор на украинската гранична полиција, која формираше и кордон.

Секоја година за време на еврејската Нова година, десетици илјади аџии одат во Уман на гробот на рабинот Нахман, а оваа година аџилакот е предвиден од 18 до 28 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот