4 C
Скопје

Над 800 новозаразени во Албанија, пет лица починаа – меѓу нив и 26-годишен пациент

Во Албанија и во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на нови случаи со ковид-19, јави дописничката на МИА.

– Во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 833 лица од направените 3.511 тестови, што е 24 отсто од тестираните. И покрај сите апели, продолжува непочитувањето на мерките за заштита, што како последица е континуираниот раст на нови случаи. Зголемен е и бројот хоспитализирани во четирите ковид болници, каде се третираат 286 пациенти, информираше Министерството за здравство.

Се додава дека во исто време во списокот на оздравени се впишани 506 лица, додека починале пет пациенти, од нив еден на 26-годишна возраст.

Според Министерството, до сега направени се 334.798 тестови, позитивен резултат е добиен кај 72.274, оздравеле 43.890, активни на болеста се 27.069, додека почнале 1.315 лица.

Прочитајте и...  Каллива смеса истекува од новиот рудник „Боров Дол“ кај езерото Мантово

Како што претходно изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу според договорот со „Фајзер”, повеќе од 40 илјади дози од анти-ковид вакцината во Албанија ќе пристигнат во текот на следниот месец, а таа додаде дека остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе започнат да пристигнуваат на почетокот на јули и според планот испораката треба да заврши во последното тримесечје од годинава.

Поврзани вести

Се сруши патнички авион: Најмалку 12 лица загинаа во Јужен Судан

Слободен печат

Кумата на Путин влегува во политика: Русија и Украина на работ на нова војна?

Илинка Иљоска

Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?

Дино Чупевски

Мас: Ние остануваме на ветувањето дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Слободен печат

Николовски: Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција

Слободен печат

Николовски: Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте

Слободен печат

Остави Коментар