Над 800 лица починаа изминатото деноноќие во САД, Пелоси со остри критики кон Трамп

Смртноста од Ковид-19 во САД во изминатото деноноќие постигна рекорд, надминувајќи ја бројката од 800 починати лица. На ниво на цела земја досега вкупно умреа повеќе од 3.700 Американци, јави „Вашингтон пост”.

Во САД од коронавирусната инфекција досега се заразени 185.000 лица.

Како што изјавија синоќа Дебора Биркс и Антони Фаучи, првите луѓе од координативното тело на Белата куќа за борба со коронавирусот, во САД се предвидуваат од 100.000  до максимални 240.000 смртни случаи од Ковид-19.

Но, тие се надеваат дека ова може да се спречи ако строго се почитуваат протоколите за намалување на последиците од вирусот.

Ненси Пелоси, демократска спикерка на Претставничкиот дом, синоќа за Си-Ен-Ен изјави дека Американците умираат поради задоцнетата реакција на администрацијата на претседателот Доналд Трамп на ширењето на коронавирусот.

Прочитајте и...  Исмаили: Обезбедивме финансиска поддршка за културните работници (ВИДЕО)

-Негирањата на претседателот на почетокот беа смртоносни. Задоцнетото снабдување на опремата таму каде беше најпотребна е смртоносно. Додека претседателот безделничи, луѓето умираат, изјави Пелоси.

Таа укажа дека откако ќе заврши најлошото време од катастрофата, „ќе биде отворена истрага за акциите на Трамп”.

Претседателот на ова одговори дека Пелоси e „болно кученце. Таа има многу проблеми”.

Ја обвини дека ги игнорирала неговите првични одлуки да ги забрани летовите од Кина и дека ако не го сторел тоа „ќе имаше смртност каква што не сме виделе досега”.

Трамп ја обвини Пелоси и поради тоа што го трошела времето за негов импичмент. Истрагата за импичмент заврши во декември со гласањето во Претставничкиот дом, пред коронавирусот да се појави во САД.

Прочитајте и...  Таткото на Моника пријавил дека бил нападнат од својата ќерка, таа вели дека сам се удирал во ѕид

-Сметам дека е срамно за нејзината земја, за нејзиното семејство. Колку страшна изјава, кажа претседателот за критиките од Пелоси

Прочитај повеќе

Протест на илјадници лекари во 21 италијански град: „Не сакаме аплаузи туку вреднување на нашиот труд“

Слободен печат

Околу 51,7 милиони родители во САД загубиле приходи за време на епидемијата

Слободен печат

Бран апсења во Хрватска: Паднаа шефот на „Шуми“, функционери од ХДЗ и бизнисмени

Слободен печат

Врховен сè уште нема донесено одлука за одењето во затвор на Јанкулоска

Слободен печат

Алијансата на Албанците ја повикува Антикорупциска да реагира на недоличното однесување на функционерите на ДУИ

Слободен печат

Изнемоштен коњ паднат среде улица, сопствениците го удираат и влечат за да стане! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најголем квартален пад на француската економија од 1968 година, од 5,3 отсто

Слободен печат

Пад на италијанскиот БДП и до 13 отсто

Слободен печат

Пендаровски разговараше со Папата Франциск за солидарноста која е клучен елемент за заедничката борба против пандемијата

Слободен печат

Меланија Трамп ги коментираше протестите во САД

Слободен печат

ОТА ги отфрла како невистинити тврдењата на министерот Чулев

Слободен печат

Од ова коцкање со изборите – полошо здравје!

Слободен печат