Над 700 лица се убиени од воениот пуч во Мјанмар во февруари

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Најмалку 706 лица се убиени за време на демонстрациите во Мјанмар, кои започнаа по воениот удар во таа земја на 1 февруари, потврди Здружението за помош на политички затвореници (ААПП). Во истиот период приведени се 3.059 лица, а налог за апсење е издаден за 657 поединци кои се противат на воениот пуч.

Во дневниот извештај на ААПП се посочува дека во последното деноноќие загинале пет лица.

Војската на Мјанмар изврши државен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември наводно биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси владините лидери, вклучувајќи ја и лидерката на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи.

Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот