Над 700.000 мртви од Ковид-19 ширум светот, најмногу во Бразил, САД и Индија

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Коронавирусот првично пристигна побавно во Јужна Америка, каде живеат околу 640 милиони луѓе.

Бројот на смртни случаи во светот од Ковид-19 веќе е над 700.000 денеска, а САД, Бразил, Индија и Мексико имаат најмногу смртни случаи од таа болест.

Во просек, речиси 5.900 луѓе умираат на секои 24 часа од Ковид-19, според проценките на западни медиуми, врз основа на податоците од изминатите две недели.

Ова е еквивалентно на 247 жртви на секој час или еден човек на секои 15 секунди.

САД и Латинска Америка се новите епицентри на пандемијата и се борат за контрола на ширењето на вирусот.

Коронавирусот првично пристигна побавно во Јужна Америка, каде живеат околу 640 милиони луѓе.

Повеќе од 100 милиони луѓе низ Јужна Америка и Карибите живеат во сиромашни квартови, според Програмата на ОН за човечки населби. Многумина работат во сивата економија, имаат слаб пристап до мрежата за социјално осигурување и продолжуваат да работат и покрај пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот