Над 70 туроператори од цел свет виртуелно се во Македонија

Македонски туризам
Македонски туризам / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска и утре во Македонија, се одржува Петтата туристичка берза во организација на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ), а со поддршка од швајцарската амбасада.

На прес конференцијата беше потенциран огромниот интерс за присуство на Берзата, односно околу 70 туроператори од цел свет виртуелно присуствуваат на Берзата, за да остварат контакти со овдешните туроператори и за да се запознаат со туристичките можности на земјата.

Конференцијата ќе ја следат 30 еминентни новинари од светот, меѓу кои и новинарите од „Форбс“ и од „Нејшнл географик“, ккао и стотина новинари од регионот.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека е за поздравување успехот да се организира ваков настан во време на пандемија.

– Мерки во однос на туристичките работници имаше и во претходните економски пакети, а има и во петтиот. Сите програми за туризам предвидени за 2021 година ќе се имплементираат. Убеден сум дека вакви настани ќе го зголемат туризмот во нашата држава, а Владата и понатаму ќе ги разгледува барањата од туристичкиот сектор како приоритетни за да можеме туристите што ќе дојдат во Северна Македонија да ги примиме во текот на сезоната – беше дециден министерот.

На настанот беше присутна и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер. Таа истакна дека и покрај корона кризата голем е ентузијазмот за напредок на туристичката индустрија, како и дека со промоција на секторот ќе ја задржиме државава на светската мапа за туризам.

– Швајцарија е длабоко посветена на туризмот во Северна Македонија затоа што веруваме дека ова земја има многу да понуди. Успеавме да ги собереме сите, од целиот свет. Во време на пандемија се преиспитуваме кои се новите можности и шанси за туристичкиот сектор и сметаме дека дигтализацијата е можност што треба да се искористи за промоција  – рече амабасадорката.

Претседелот на НАИТМ, Влатко Сулев рече дека иако сите се прашуваат дали е ова прав момент да се одржи една ваква конференција, одговорот е да.

– Пред да се отворат границите, ние треба да си ги одработиме задачите. На конференцијата виртуелно имаме и туроператори од Западна Еврипа, но и од Канада и од Америка. Голем дел се од Западна Европа затоа што сме содветни за нивните потреби и ние треба да направиме промоција и да ги пресретнеме нивните желби. Ако ние не стигнеме во каталозите на странските туроператори, ние многу тешко ќе ја продадеме нашата дестинација. Ние веќе една година не заработуваме ништо, но ако сакаме да останеме во овој бизнис мора да работиме и да ја промовираме нашата држава- рече Сулев.

Но, како што нагласи тој, многу е важен и ангажманот на државата, како што е што побрза имунизација на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот