Над 60 отсто од новозаболените во Франција имаат британска мутација на коронавирусот

epa09038485 Pedestrians wearing surgical face masks walk near the Eiffel Tower in Paris, France, 26 February 2021. Paris City Hall suggests a third lockdown, for three weeks, to curb the rate of Covid-19 coronavirus infections. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирус регистрирани во Франција се поврзани со мутација на коронавирусот што за првпат беше откриена во Велика Британија, изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.

-Циркулацијата на вирусот се забрза во последните две недели и јасно е дека тој е поврзан со британската мутација, рече Кастекс на прес-конференција, пренесен од британските медиуми.

Францускиот премиер додаде дека здравствениот систем се уште е под огромен притисок, иако, како што наведе, нема експоненцијален раст на бројот на заразени лица.

Досега во Франција се регистрирани над 3,8 милиони случаи на коронавирус, додека 87.542 лица ја загубија битката со инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот