Над 60.000 доброволци во Москва за руската вакцина

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Над 60.000 луѓе се пријавија за доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.

– Се пријавија над 60.000 доброволци, а повеќе илјади луѓе ги минаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање, рече Собјанин во интервју за телевизијата „Русија-1″.

Собјанин додаде дека, како дел од тестирањето, повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината наречена „Спутник V” и сите се чувствуваат добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот