Над 500 земјоделци од Дебарско поднеле апликации за субвенции

Повикот за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули, а Муладаути напоменува дека сите потребни информации и потребна помош може да се добијат во подрачната единица.

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар до денеска барања за субвенции доставиле 510 земјоделци. Од таму велат дека во наредниот период очекуваат да пристигнат уште апликации имајќи го предвид крајниот рок за аплицирање односно 31 јули.

-Станува збор за земјоделци од општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кои поради близината последните години барањата ги доставуваат кај нас. Иако се дава можност и електронски да ги поднесуваат, сепак над 95 отсто од земјоделците барањата ги доставуваат кај нас, вели раководителот на Подрачната единица, Арбен Муладаути.

Повикот за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули, а Муладаути напоменува дека сите потребни информации и потребна помош може да се добијат во подрачната единица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот