Над 50 проценти од мразот на Гренланд се стопил!

Топлотниот бран што собори рекорди на висока температура во пет европски земји пред една недела сега е над Гренланд и го забрзува топењето на мразот на островот, предизвикувајќи големи загуби на мраз на Арктикот.

Гренланд, најголемиот остров во светот, е полу-автономна данска територија помеѓу Атлантикот и Арктичкиот Океан, со 82 проценти од површината покриена со мраз.

Ледената плоча на Гренланд, која покажува знаци на топење расте секојдневно, достигна рекордни 56,5 проценти за оваа година, соопшти данскиот метеоролошки институт.

Топењето се должи на доаѓањето на истиот топол воздух од Северна Африка и Шпанија што ги „растопи” европските градови минатата недела, поставувајќи национални рекорди за температурите во Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Велика Британија.

Иако температурите на Гренланд ќе се спуштат до крајот на оваа недела, топењето веројатно нема да престане во скоро време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот