Над 50 отсто од населението во Германија е целосно вакцинирано против ковид-19

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан/Фото: EPA-EFE/MIKA SCHMIDT / POOL

Повеќе од половина од германските граѓани се целосно вакцинирани, соопшти денеска министерот за здравство Јенс Шпан, но се повеќе се зголемува загриженоста за забавувањето на темпото на вакцинација

„41,8 милиони Германци сега имаат целосна заштита, додека 61,1 проценти добиле барем една доза. Колку повеќе луѓе се вакцинирани, толку побезбедни ќе бидеме во есен и зима”, напиша Шпан на Твитер.

Кампањата за вакцинација во Германија се забрза напролет по забавувањето во првите неколку месеци, но земјата сè уште е далеку од целта од 80 проценти од вакцинираните за постигнување „имунитет на стадо”. Темпото на вакцинација значително забави на претходните седмици, додека растат стравувањата од четвртиот бран на инфекции предизвикани од позаразна делта варијанта на коронавирусот.

За разлика од Франција и Грција, Германија досега исклучуваше можност за воведување задолжителна вакцинација за одредени групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот