Над 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Повеќе од 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија, соопшти Министерството за здравство.

„Синоќа 51 лице е повредено и е примено во ургентни центри и болници во Белорусија, а на сите им е укажана целосна медицинска помош”, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека повеќе од илјада лица кои учествувале на нелегални демонстрации се приведени во минатата ноќ.

„Во текот на ноќта на 11 август и во утринските часови на 12 август, регистрирани се нелегални собири на граѓани на 25 локации. Повеќе од илјада лица кои учествувале во илегални масовни демонстрации беа уапсени и приведени”, се вели во соопштението на полицијата.

Истражните тела покренаа 17 кривични пријави против лица кои учествувале во нападите врз припадници на полицијата, се додава во соопштението на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот