Над 50.000 нови случаи на ковид-19 во Грција, 61 починат

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 50.126 случаи на Ковид-19, што е нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите случаи се од 650.101 тестови, а повторно, најголемиот дел од новозаразените речиси 20.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од Ковид-19 почина 61 лице, а 619 пациенти (четири повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 525, односно 84,81 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.344.923 случаи на Ковид-19, а почина 21.053 лица.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, рече дека сојот Омикрон веќе е доминантен во земјата и со оглед на тоа дека брзо се шири, зголемувањето на случаите е очекувано.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот