Над 446 илјади граѓани заинтересирани за вакцина, две дози примиле 168 284

Вакцинација / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани против КОВИД-19 се вкупно 252 537 граѓани. Вчера се вакцинирале 9631, а прва доза примиле 1391. Досега се аплицирани 420 821 доза вакцини, а се ревакцинирани 168 284 граѓани.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk изразиле 446 195 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто повозрасни од  65 години и 35 отсто над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

 Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, како и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата – во А1 СЦ „Борис Трајковски” во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот