Над 40 илјади Грци се јавиле во Националната организација за јавно здравје за коронавирусот

Фото: МИА

Во изминатите денови, телефонскиот центар на Националната организација за јавно здравје на Грција, примил над 40 илјади повици од грчките граѓани за новиот коронавирус, а со координација на оперативниот центар биле анализирани 504 примероци, според Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот министер за здравство Василис Кикиљас денеска го посети оперативниот центар на Националната организација за јавно здравје на Грција, што воедно е и надлежна институција за давање упатства и информации во случај да постои сомнеж дека некој е заразен со новиот коронавирус.

За Грците да бидат подобро и целосно информирани за Ковид-19, Службата за јавни приходи, започна со испраќање мејлови до граѓание, во име на Министерството за здравство на Грција, со прашања и одговори поврзани со новиот коронавирус.

Кај јужниот сосед потврдени се седум случаи на Ковид-19, од кои три во Солун и четири во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот