Над 4.000 луѓе се откажале од државјанството на Бих минатата година

Трендот на масовно откажување од државјанство на Босна и Херцеговина, што почна по завршувањето на војната, продолжи и во 2019 година, кога на таков чекор се одлучија над 4.000 луѓе.

Според документ на Министерството за цивилни работи на БиХ во текот на минатата година 4.059 лица побарале испис од државјанство на БиХ. Додека најмногу обработени барања се во 2017 година кога 4.494 луѓе побарале да се откажат од државјанството на БиХ.

Државјаните на БиХ кои се откажуваат од пасошот мора да платат 800 конвертибилни марки (околу 400) како и такса од 200 конвертибилни марки (околу 100 евра).

Од 1995 година од државјанството на БиХ се откажале повеќе од 80.000 лица а на тој чекор се одлучија за трајно да го решат својот статус во државите во кои се иселија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот