Над 37 милиони луѓе се заразени со коронавирусот, најмногу од нив се во САД, Индија и Бразил

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Бројот на инфицирани луѓе со новиот коронавирус во светот синоќа се искачи над 37 милиони, покажуваат податоците на интернет страницата на „Ворлдметрс” (Worldоmeters).

Од последици од Ковид-19 починаа 1,07 милиони луѓе, а оздравеле 27,8 милиони.

Најголем број на заразени има во САД – 7,8 милиони луѓе, од кои 218.000 починале.

Потоа следи Индија со речиси седум милиони луѓе заразени и 107.000 починати, а на трето место е Бразил со пет милиони инфицирани и речиси 150.000 смртни случаи.

Над еден милион заболени регистрирани се во Русија, каде од последици на ковид-19 починаа околу 22.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот