Над 34 милиони нови невработени во Јужна Америка и на Карибите поради пандемијата

Најмалку 34 милиони работници во Јужна Америка и на Карибите останаа без работа пред и за време на пандемијата од новиот коронавирус, соопшти Меѓународната организација на трудот.

Пандемијата предизвика рецесија со невидени размери и времетраење во регионот, што е меѓу најпогодените во однос на работното време и заработувачката, соопшти МОТ. Организацијата предвидува 9,4 проценти намалување на регионалниот бруто домашен производ во 2020 година.

Во девет држави, што претставува 80 проценти од вкупниот број вработени во регионот, 34 милиони работници останаа без работа во првата половина на годината, според извештајот на организацијата. Во првите три квартали од 2020 година, работното време се намали за 20,9 проценти, а приходите од труд паднаа за 19,3 проценти.

Во Аргентина, околу 40,9 проценти од населението сега живее под прагот на сиромаштија, што е зголемување за 5,5 проценти во споредба со првата половина на 2019 година, според официјалната статистика. Овој регион е меѓу најпогодените од пандемијата. Потврдени се повеќе од 16,4 милиони заразени и над 550.000 смртни случаи, соопшти вчера Панамериканската здравствена организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот