Над 32 милиони лица во светот се заразени со коронавирус, САД со најмногу случаи

Повеќе од 32 милиони лица во светот се заразени со коронавирус, покажуваат најновите податоци на интернет страницата „Worldometar”,

САД и натаму се најтешко погодената земја од пандемијата со Ковид 19, бидејќи во неа се заразени повеќе од седум милиони лица, а над 200.000 веќе умреа.

На второ место е Индија со речиси шест милиони заразени и повеќе од 91.000 смртни случаи.

Бразил се наоѓа на третото место според бројот на заразени, со 4,6 милиони и на 138.000 умрени.

Русија е на четвртото место во светот и на прво во Европа, со 1,1 милиони инфицирани и речиси 20.000 умрени лица.

СЗО соопшти дека 156 земји се приклучиле на таканаречениот КОВАКС (Глобален план за вакцинација), со кој се планира до крајот на следната година на глобално ниво да се испорачаат околу две милијарди дози вакцини, но дека меѓу нив не се големите држави како Кина, Русија и САД.

– И друг број земји ќе се регистрираат за глобалниот план за вакцинирање, а некои од доцнењата беа заради процедурални проблеми, а не поради сомневања во оваа шема, изјави денеска портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот