Над 32 илјади вработени во образованието од 1 јануари ќе добијат повисоки плати

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари ќе добијат повисоки плати за 10 проценти.

Спогодбите за тоа беа денеска потпишани во Владата меѓу Самостојниот синдикат на образование наука  и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Со ова, како што изјави министеот за образование Арбер Адеми, се подобрува материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.

Од СОНК се задоволни од постигнатото за покачувањена платите, но она што останува да се сравботи во следниот период е потпишување на колективен договор за високото образование, измени на колективните договори за основно и средно образование, враќање на регресот за годишен одмор, враќање на надоместокот за превоз за наставниците, кои одат на работа во руралните средини и плаќање на прекувремената работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот