Над 300.000 заразени со коронавирус во Шпанија

Бројот на заразени од новиот коронавирус во Шпанија денеска ја надмина границата од 300.000, додека регионалните влади се обидуваат да контролираат околу 500 жаришта ширум земјата.

Во последните 24 часа во Шпанија потврдени се 1.178 нови случаи, а вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на пандемијата достигна 302.814, соопшти од шпанското Министерство за здравство.

Во текот на минатата недела починаа 34 лица, со што вкупниот број на починат лица од Ковид-19 во Шпанија достигна 28.498 лица.

Шпанија беше една од најпогодените европските земји од пандемијата од март, со вонредна состојба што траеше речиси сто дена.

Во последните неколку дена во Шпанија, најмногу позитивни случаи се забележани во северо-источните покраини Арагонија и Каталонија, во главниот град Мадрид и околината, како и во јужната покраина Андалузија.

Властите во овие области ја ограничија работата на ноќните клубови и воведоа парични казни за локалите што не ги почутуваат мерките, но и за граѓаните кои не носат заштитни маски на улиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот