Над 300.000 книги запалени во Турција по обидот за пуч

Фото: Википедиа

Повеќе од 300.000 книги се уништени во турски училишта и библиотеки во изминатите три години по обидот за пуч во летото 2016 година.

Министерката за образование Зија Селчук рече дека 301.878 книги биле уништени за време на владината иницијатива за искоренување на сѐ што е поврзано со забранетото движење, предводено од Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара за организирање на пучот.

Во меѓувреме, Ѓулен во неколку наврати категорично ја негираше неговата вмешаност во пучот. Ѓулен е во егзил во САД, а Турција повеќе пати побара од Вашингтон негова екстрадиција.

Книгите биле уништени со спалување, според турскиот весник „Хуриет“, кои објавиле и фотографии од нивното уништување.

Мала група млади новинари кои, наводно, се обидуваат да дејствуваат како „глас на разумот“ објавени на нивниот портал дека учебник по математика е строго забранет, едноставно затоа што во книгата се препознаени наводно иницијали на Ѓулен.

Во декември 2016 година турскиот весник Бургун откри дека се уништени 1,8 милиони учебници само затоа што ја спомнале Пенсилванија, американска држава каде живее Ѓулен. По пучот во Турција, сите улици во Анкара со името на Ѓулен беа преименувани.

Британски ПЕН центар посочи во лански извештај за забраната за слободен говор во Турција, каде по обидот за пуч беа затворени 200 медиуми, протерани се 80 писатели и беа отпуштени од работа 5.822 универзитетски професора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот