Над 30 војници убиени во заседа во Нигер

Нигерија полциија/ Фото EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Најмалку 30 припадници на војската на Нигер загинаа во заседа откако вооружени напаѓачи нападнаа рудник во областа Широро во државата Нигер.

Војниците биле меѓу безбедносните сили распоредени во потрага по работници во рудникот, вклучително и четворица кинески државјани, за кои се вели дека биле киднапирани за време на нападот во средата.

Емануел Умар, комесарот за државна безбедност во северозападниот дел на Нигер, првично рече дека непознат број луѓе биле убиени за време на нападот во селото Ајата Абоки.

Кога безбедносните сили одговориле на нападот, вооружените напаѓачи ги нападнале од заседа и отвориле оган, убивајќи 30 војници кои патувале во три камиони, изјавиле за Ројтерс два армиски извори во Широро и Мина, главниот град на државата Нигер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот