Над 3.000 Црногорци имаат над 100.000 евра во банка

Влада на Црна Гора/ Фото: ЕПА

Додека секој петти граѓанин на Црна Гора е на работ на сиромаштија, неколку илјади луѓе на своите сметки трупаат пари за кои мнозинството од населението во таа земја може само да сонува. Податоците на Фондот за заштита на депозити (ФЗД) за минатата година, чии детали ги пренесува „Дан“, покажуваат дека за една година депозитите пораснале за една милијарда евра, а граѓаните на Црна Гора и стопанството држат 5,23 милијарди евра во депозитите во банките.

Во однос на крајот на 2021 година, депозитите се зголемени за 24,3 отсто. Поплави во Вишеград, големи материјални штети Вкупниот број на штедачи лани изнесува 786.909 – 717,6 илјади граѓани и 69,34 илјади правни лица.

Кога станува збор за граѓаните, односно физичките лица, според податоците на Фондот за заштита на депозити, од 717,6 илјади граѓани кои имаат депозити во банките, 273,7 илјади имаат помалку од пет илјади на сметките.

Од пет до 50.000 евра во банки имаат 435.162 штедачи, додека во банките од 50 до 100.000 евра имаат 5.429 штедачи. 3.305 граѓани имаат над 100.000 евра во банки.

Вкупниот износ на депозитите на тие 3.305 штедачи е 1,15 милијарди евра или во просек 348.555 евра. Кога станува збор за правните лица, 15.690 имаат помалку од пет евра во банки, додека 49.900 фирми имаат од пет евра до 50.000 во банките.

Помеѓу 50.000 и 100.000 евра, во банките има 1.408 правни лица, додека 2.338 фирми имаат над 100.000 евра во банката. Вкупниот износ на депозити на тие 2.338 фирми е 1,89 милијарди евра, што е во просек 806,9 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот