Над 25 илјади нови ковид-случаи во Грција

Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон/ Фото: ЕПА

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје.

Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Минатата седмица, по речиси три месеци, беа регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, а се чини дека продолжува нагорниот тренд, па властите размислуваат за воведување делумни антиепидемиски мерки, во екот на туристичката сезона.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.755.074 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 187.202 реинфекции што е 4.7 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.349 лица.

Пракса на Националната организација за јавно здравје на Грција е во секојдневните соопштенија за ситуацијата со Ковид-19, посебно да ги објавува бројките поврзани со нови случаи и посебно бројките со повторни заразувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот