Над 220 заболени и еден починат од Ковид-19 во Косово во изминатите 24 часа

Во Косово изминатите 24 часа се извршени 3.160 тестирања со методот РТ-ПЦР, од кои како заразени резултирале 221 лице, што е највисока бројка на новозаболени од Ковид-19 уште од крајот на април годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Минатото деноноќие е регистриран и еден смртен случај како последица на Ковид-19, така што вкупната бројка на жртви на пандемијата, од нејзината појава, достигна до 2.268.

Коронавирусот во Косово досега е откриен кај вкупно 108.844 лица, од кои како излекувани се водат 105.688 (21 минатото деноноќие), додека активни носители на вирусот се 888 лица.

Според косовските здравствени власти, кај најголемиот дел од новозаболените е откриена новата Делта варијанта на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот