Над 21.800 албански лани станале италијански државјани, а за 11 години – над 210 илјади

epa08361179 The lakefront deserted due to traffic restrictions imposed due to the emergence of the coronavirus in Bellagio, Lake Como, Italy, 13 December 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

 Италијанско државјанство минатата година добиле околу 127.000 странци, меѓу нив 21.841 албански емигранти. Според бројот на добиени италијански државјанства, албанските граѓани се на прво место меѓу странските заедници во Италија, по што следуваат оние од Мароко со 15.496, па од Бразил 10.660.

Според последниот официјален извештај на италијанските власти во оваа земја живеат 440.854 албански емигранти, бројка која од година во година се намалува како резултат на зголемениот број на Албанци кои се стекнуваат со право да добијат италијанско државјанство.

Официјалната италијанска статистика потвдува дека во изминатите единаесет години повеќе од 210.000 албански државјани добиле италијанско државјанство, што е околу 17 отсто од вкупниот број издадени државјанстава на странци.

Прозлегува дека од 100 албански емигранти кои живеат и работат во Италија, 38 добиле италијанско државјанство.

Држајанството главно го добиваат врз основа на поминати десет години во Италија со соодветна дозвола, како и врз основа на брак со италијански државјанин(ка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот