Над 20 наставници од Драчево изготвувале лажни сведителства за основци

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против В.Н. (56), вработена во ОУ „Кузман Шапкарев” во населба Драчево, која, злоупотребувајќи ја својата службена положба, овозможила изготвување свидетелства за четири ученици одселени од земјава.

Според МВР, В.Н. поттикнала наставници и одделенски раководители да не ги запишуваат учениците како отустни од настава, а на одржаните наставнички совети да изгласаат нивно оценување врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина.

Кривични пријави се поднесени и против наставниците, вкупно 20, кои во својство на службени лица, под влијание на В.Н. ги извршиле незаконските дејства. Станува збор за П.И. (46), Н.Д.Б. (63), С.Л. (57), М.М. (54), П.Б. (39), З.А.Ѓ. (45), В.А. (41), С.А. (41), Г.С.А. (45), С.Ц. (57), Д.Ц. (39), М.Д. (45), Г.Ј. (53), Б.К. (39), М.В. (51), Б.Н. (37), Т.Г. (39), Р.С. (61), С.С.М. (41) и Л.С.П. (58) сите од Скопје, вработени во ОУ „Кузман Шапкарев”. Сите се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување исправа”.

Прочитајте и...  Скопјанец починал откако се повредил работејќи во дворот на својата викендичка

-Првопријавената во текот на учебната 2018/2019 година, со цел да им прибави корист, односно да им овозможи да се здобијат со свидетелства за завршена учебна година на четири ученици од училиштето кои подолг временски период во текот на учебната година биле надвор од државата и не присуствувале на настава, ги поттикнала и влијаела кај останатите горепријавени, предметни наставници и одделенски раководители, на одржаните наставнички совети да изгласаат оценување на отсутните ученици, врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина. Пријавените наставници, исто така во својство на службени лица, под влијание на првопријавената, иако знаеле дека четворицата ученици се одселиле од Македонија, односно не доаѓале на настава во соодветните паралелки, не ги запишувале (евидентирале) учениците како отустни од настава во евиденцијата на паралелките и извршиле фиктивно оценување на учениците за периодот додека биле отсутни, со што ги пречекориле своите службени овластувања и овозможиле изготвување на Свидетелства за завршена учебна година, наведува МВР.

Прочитајте и...  Во Куманово пронајден починат 22-годишен мигрант

Државниот просветен инспекторат до МВР достави Известување според кое на 02, 05, 08 и 12.07.2019 година е извршен вонреден инпсекциски надзор во „Кузман Шапкарев”, по претставка од општина Кисела Вода, при што се констатирани повреда во постапката за водење на педагошката евиденција и документација, како и повреда со неевидентирање на изостаноците на учениците кои биле отсутни подолг временски период.

 

Прочитај повеќе

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Слободен печат

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Слободен печат

Пожар кај неготинската депонија, од Комуналец се сомневаат дека е подметнат пред избори

Слободен печат

Во Куманово пронајден починат 22-годишен мигрант

Слободен печат

Приведени „диви тркачи“ од скопските улици

Слободен печат

Скопјанец починал откако се повредил работејќи во дворот на својата викендичка

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кумановка натепана од својот сопруг

Слободен печат

Работник на ЕВН паднал од електричен столб, со тешки повреди пренесен е во болница

Слободен печат

Поради отказ се заканувал дека ќе ги „дигне“ во водух автобусите и вработените во туристичка агенција

Слободен печат

Уапсени крадци на велосипеди во Скопје

Загина совозач на патот Велес-Прилеп

На патот Брвеница-Тетово повреден велосипедист од моторџија кој го напуштил местото на инцидентот

Слободен печат