Над 2.000 сообраќајни казни за несовесни тетовчани

Казни за 437 неправилно паркирани возила само за септември, вкупно 2.421 возило во деветте месеци од 2019 година, покажува статистиката на тетовската полиција. Само вчера поради паркирање на несоодветни места биле казнети 23 возачи.

– Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуирани активности за поголем ред со паркирањето во Тетово. Повторно апелираме до возачите да не ги паркираат возилата непрописно, особено не на пешачки премини, во зеленило, во зони на крстосници, на тротоари или во таканаречни двојни редови. Ова, посебно се однесува на погрешно паркирање во близина на училишни и други јавни објекти, а поради секојдневно присутна зголемена фреквенција, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од јавното претријатие „Градски паркинг” информираат дека во септември се евидентирани 212 случаи на возила подигнати од пајак службата врз основа на непрописно паркирање или неплатено зонско паркирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот