Над 2.000 поплаки за нерегуларности на првиот ден од изборите во Русија

Избори во Русија / 18 септември 2021 / фото: ЕПА

На вториот ден од парламентарните избори во Русија, тие веќе се засенети од обвинувањата за измама од страна на опозициските активисти.

Во недела, по затворањето на избирачките места, се очекува Русија да избере нова Дума во следните пет години во која ќе има 450 пратеници, како и неколку нови регионални и градски администрации.

На првиот ден од гласањето, вчера, независните набљудувачи од организацијата за правата на избирачите „Голос” забележаа околу 2.000 процедурални прекршувања, а повеќето од нив се за фотографирање или видеа записи, што е вообичаен показател за купувањето гласови.

Според извештајот на „Голос”, на избирачките места имало голем прилив на луѓе во униформа, што покажува дека владата ги мобилизирала сите државни службеници за да обезбеди победа на владеачката партија Единствена Русија. Исто така, постојат извештаи за луѓе кои гласале повеќе пати.

„Беше ужасен ден. Мрсен и валкан”, напиша на Твитер Ирина Фатјанова, локална политичарка од Санкт Петербург.

Според „Голос”, Централната изборна комисија одби да ги разгледа жалбите и едноставно ги отфрли.

Спротивно на тоа, претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, ја пофали вчерашната организација на гласањето.

Владејачката партија Единствена Русија се обидува да го задржи апсолутното мнозинство во Думата, поддржана од претседателот Владимир Путин, за кого изборите се важен тест за националното чувство.

На многу истакнати опозициски личности не им беше дозволено да гласаат. Меѓу нив има поддржувачи на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој од казнената колонија во која издржува казна, повика на протестно гласање против Единствена Русија.

Видео на денот