Над 173 милиони лица се заразиле со ковид-19, најмногу се од САД, Индија и Бразил

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 173 милиони лица, покажуваат денешните податоци на вашингтонскиот сајт worldometers.info.

Досега оздравеле околу 156 милиони пациенти, а починале 3,71 милион.

Активни случаи се 13,51 милион, а поблаг или среден облик на коронавирус имаат 99,3 отсто, односно 13,42 милиони луѓе, додека во критична состојба се околу 89.000 лица, односно 0,7 отсто.

Најмногу инфицирани случаи се регистрирани во САД – повеќе од 34 милиони, потоа во Индија 28,6 милиони и Бразил со 16,8 милиони.

Бројот на починати од ковид-19 е најголем во САД – 611.639, потоа во Бразил (469.784) и во Индија (341.450).

Пандемијата забележа значителен пад оваа недела во Азија (-28 проценти) и Европа (-13 проценти). На овие два континета се регистрирани шест од седум најголеми забавувања на инфекцијата оваа недела. Најголем пад е забележан во Шведска (-36 проценти, нови 1.200 случаи на ден), потоа во Непал (-35 проценти, 5.000 случаи на ден), Индија (-35 проценти, 153.300), Бахреин (-32 проценти, 2.200), Италија -31 процент, 2700), Украина (-30 проценти, 2300) и Јапонија (-29 проценти, 3200).

Светот забележа пад на дневниот биланс на смртни случаи (-5 проценти, 11.165 на ден).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот