Над 1,3 милиони лица се тестирани на коронавирус во Словачка, позитивни се 0,77 проценти

EPA-EFE
Ковид тест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Вкупно 1.303.949 лица беа тестирани за коронавирусот за време на скрининг тестот низ Словачка во саботата, при што 9.979 или 0,77 проценти се позитивни на тестот, изјави словачкиот премиер Игор Матовиќ.

Министерот за внатрешни работи Роман Микулец рече дека во саботата се отворени 3.791 место за тестирање. Тој забележал дека ситуацијата е мирна и дека има интерес за тестирање, пренесува словачката агенција Таср.

– Се радувам што луѓето се придружија и што се свесни за значењето на овој проект за сите нас. Засега, тоа е солиден резултат, рече Матовиќ.

Што се однесува до бројките, тој рече дека секоја бројка од 1,5 до три милиони тестирани е „добра бројка”.

– Драго ми е што општеството се обедини во борбата против пандемијата, рече министерот за здравство Марек Крајчи.

Според него, целта на скрининг тестот била да се идентификуваат епицентрите и да се одделат подобрите региони од полошите.

Крајчи рече дека истражувањето ќе продолжи во регионите со најлоши резултати за една недела.

Тој истакна дека стапката на позитивност за сите денови на „скринингот” може да биде поголема од 1 процент.

– Иако стапката на позитивност во саботата беше 0,77 проценти, бројката беше поголема во претходните денови, додаде тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот