Над 100 домашни и странски компании на „Macedonia Manufacturing Expo 2019″

Во организација на Асоцијацијата на метална и електроиндустрија МАМЕИ и делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, денеска и утре ќе се одржи третиот Саем за лесна индустрија – „Macedonia Manufacturing Expo 2019″.

На настанот ќе учествуваат 100 компании производители, 33 компании купувачи и 15 директни странски инвестиции. Покрај домашните компании, ќе учествуваат и претставници на компании од Германија, Холандија, Јапонија, Грција, Словенија, Србија, Албанија и од Косово.

Саемот ќе го отворат Марта Наумова Грнарова, претседателка на МАМЕИ, и директорот на делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс.

Најавено е обраќање и на министерот за економија Крешник Бектеши, Арбен Вила, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, заменик-амбасадорот на Холандија, Андри ван Менс, и директорот на УСАИД, Едвард Гонзалес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот