9 C
Скопје

Над 100 дечиња не беа примени во градинка поради учителка со симптоми на Ковид-19

Децата од објектот Клон 1 во рамките на детската градинка „Рахилка Гонева” во Свети Николе денеска не беа примени, бидејќи вработена е со симптоми на Ковид-19. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека се информирани родителите на децата. Инаку во овој објект денеска требаше да бидат згрижени 110 деца.

– Во овој објект поради појава на симптоми на КОВИД-19 на една од вработените во градинката која ги извршуваше подготвителните работи за прием на дечињата, а во согласност со Протоколот и Алгоритамот од Министерството за труд и социјална политика за постапување, бевме принудени денеска да не ги отвориме вратите за прием на дечињата во Клон 1. Додека не добиеме официјални резултати од тестирањето на вработената и епидемиолошка слика за нејзините контакти, овој објект нема да го пуштиме во функција, вели Велковски.

Тој истакна дека од денеска во рамките на градинката ги отвориле вратите за дечињата од Клон 2, каде што биле пријавени вкупно 41, а утринава се донесени 26 деца, додека во село Лозово од пријавените 15, само девет се донесени од страна на родителите.

– Здравјето и заштитата на нашите најмили и на вработените ни е во прв план, особено во вакви чувствителни моменти, вели Велковски. 

Прочитајте и...  Апсење во Црна Гора: Уапсен убиецот на Шарац од криминалната група „Пинк Пантер“

Поврзани вести

Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка

Слободен печат

Гир: Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива на Северна Македонија е јасна и неспорна

Слободен печат

ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека

Слободен печат

Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита

Слободен печат

Се врати во сила Законот за акцизи, бензините и дизелот поевтини за два денара

Слободен печат

За згрижувачките семејства мајка, за биолошките маќеа!?

Остави Коментар