Над 10.000 луѓе имаат школо, а немаат работа, се предлага некои факултети да мируваат

Скопје / фото: МИА

Во Македонија преку десет илјади луѓе кои завршиле факултет се пријавени како невработени, а економисти и правници го преплавуваат пазарот на трудот, пишува Денар.мк. Дел од експертите препорачуваат некои факултети привремено да се стават во мирување.

Од агенциите за посредување на работа велат дека најчесто невработените високообразовани луѓе се економисти и правници, односно кадар за кои работодавачите во последно време немаат потреба.

„Работодавачите немаат потреба од правници, економисти и од другите општествени науки како од Филозофски факултет, историчари на уметност, Книжевност. Недостасува стручен кадар, од техничките дејности пред сѐ, средно стручен кадар. Образованието е во расчекор со побарувачката на пазарот, особено поради немање или минимална практична настава. Затоа при креирање на паралелките во средните училишта или смеровите на факултетите, треба да се следи потребата на пазарот на трудот односно на стопанството,“ вели за “Денар” Раде Ненадиќ од една агенција за привремени вработувања.

Ненадиќ смета дека поради вишокот на кадар од општествени науки, потребно е одреден период економскиот, правниот и другите факултети за општествени науки да се стават во мирување и да се генерира потребен кадар, затоа што вака се соочуваме со нарушување на пазарот на трудот бидејќи има доста економисти кои на пример не можат да најдат работа за тоа што учеле и работат сосема нешто друго.

Уште еден проблем, вели Ненадиќ, се и платите кои се нудат. Според него, никој веќе не излегува да работи за плата под 20 илјади денари, како порано.

„Огласи има, а имаше и минатата година но повторно станува збор за расчекор помеѓу понудата и побарувачката, но сериозно влијаат и ниските плати кои во принцип се во висина на минималната плата која изнесува 15 илјади денари. Од наше искуство никој од невработените не прифаќа плата под 20 или 22 илјади денари за основна работа или дневница помала од 1.200 до 1.500 денари. Веќе со години не важи поговорката – “Бадијала работи, бадијала не седи”, додава Ненадиќ.

Тагови: економисти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот