Над 1.500 уапсени во Русија на протестите против мобилизацијата

Фото: Јутјуб/принтскрин

Полицијата уапси над 1.500 демонстранти во Русија, покажаа извештаи на руски организации за човекови права.

Откако претседателот Владимир Путин најави мобилизација на 300.000 регрути за војната во Украина, луѓе протестираа во голем број руски градови.

Како што пишуваат дел од медиумите, станува збор за најголемите протести во Русија од демонстрациите што избија по објавувањето на почетокот на руската офанзива во Украина во февруари.

Демонстранти извикуваа „Не за војната”, „Не за мобилизацијата”, „Путин во ров”. Полицијата користеше сила при совладувањето на демонстрантите. Поединци излегоа на улица и покрај заканите дека со законот донесен пред неколку месеци може да се добие и 15 години затворска казна.

Протестите во речиси 40 градови Кремљ ги нарече „помали демонстрации”.

Ирина Волк од руското Министерство за внатрешни работи изјави дека полицијата ги спречила обидите за организирање незаконски акции и имало многу мал број учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот