Националниот совет за евроинтеграции ќе расправа за пристапувањето во ЕУ

Во Собранието на Македонија денеска седница ќе одржи Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за финансирање и буџет.

Како што се наведува на веб страницата на Собранието, тема на НСЕИ се очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во ЕУ.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог законот за изменување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од пратениците Диме Велковски, Чедомир Саздовски и Мирослав Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот