Национални телевизии со тивок бојкот на владата „пукаат“ кон кабелските оператори?

Фото: Архива

Националните телевизии деновиве тивко ги бојкотираат владините прес конференции, вклучувајќи ги и прес конференциите на министерот за здравство, Венко Филипче и на техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Вчера министерот Филипче не најави дека ќе има редовна прес конференција, според нашите информации поради бојкотот од телевизиите, но затоа подоцна во текот на денот, тој беше вклучен на Телевизија 24.

– Владата не беше официјално известена за промена на начинот на известување од страна на националните телевизии – ни одговори владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Се обидовме да добиеме одговор и од директорите на националните телевизии. Иван Мирчевски од Канал 5, негира дека станува збор за бојкот, а дека „нема никаков бојкот“ ни одговори и директорот на Телма Атанас Кировски.

На нашето прашање, ако нема бојкот, зошто завчера не беа пренесувани прес конференциите од владата, а тоа се поклопи и со неколку други телевизии, Кировски ни одговори:

– Случајно се поклопило со другите телевизии, немам што друго да кажам.

Директорот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, ни рече дека имале адекватни уредувачи политики.

– Имаме адекватни уредувачки политики, немаме бојкот – рече Бојаџи.

Упатените тврдат дека заднината на овој непрогласен, тивок бојкот, е во конфликтот на приватните национални телевизии и кабелските оператори, Кабелските оператори неодамна се заканија дека ќе го прекинат реемитувањето на сите ТВ канали, со исклучок на јавниот сервис, се додека не се укинат, според нив, спорните законски одредби со кои им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите што ги емитуваат, внесени со последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги. Националните телевизии тогаш апелираа операторите да ги преиспитаат „апсурдните најави“, а надлежните институции „ги потсетија“ на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа, како што нагласија тогаш, „особено со оглед на важноста на известувањето за деликатната состојба со коронавирусот и во предизборниот период“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот