Националната пливачка федерација организира Зимско национално првенство

фото:фејсбук

Национална пливачка федерација предводена од претседателот Александар Филипчев на седница на Управниот одбор одржана на 31 октомври ја донесе одлуката за одржување на Зимско национално првенство на Македонија.

Не е сеуште точно утврдено каде и кога ќе се одржи првенството, членовите на Управниот одбор првично информираат дека треба да се организира на 7-8 декември или 14-15 декември 2019 година во Скопје по програмата за одржување на првенства во четири дела за сениори-ки, младинци-ки, кадети-ки, постари пионери-ки и помлади пионери-ки.

Првенството ќе се одржи на базен кој ги исполнува сите услови за одржување на зимско национално првенство.

Предимство има базенот „Борис Трајковски“ – Скопје, а како алтернатива се предлага базенот во Куманово. Доколку не се постигне договор, последна варијанта е да биде одржавно на 50 метарски базен – Олимписки базен Центар.

Исто така на оваа седница се донесени уште неколку одлуки, откажување на настап на Македонија на зимското Европско првенство во Глазгов (декември) поради подготовка на најдобрите пливачи за исполнување на норма за Олимписките игри во Токио 2020.

Целта е акцентот на активностите на пливачите да биде насочен на тренинзи и подготовки во овој период.

Донесена е и одлука за прием на нови членки во Националната пливачка федерација, тие се пливачките клубови од Скопје, ПК Центар и ПК Нептун кои ги исполнуваат сите услови со сите права и обврски според статутот на НПФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот