Националната гарда луѓето во сопствените дворови во Минеаполис ги гаѓаше со боја (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Едно лице и тоа помладо, може да си види од снимката, гардистот успеа да го погоди, но изгледа никој не е повреден.

Во 25 градови ширум САД е воведен полициски час откако протестите поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој го задуши полицаецот Дерек Чаувин, се претвори во дивеење, насилство и хаос.

И денеска во 30 градови се одржаа протести, а полицијата се обиде демонстраните да ги растера со солзавец и гумени куршуми. Неколку полициски возила се запалени.

Националната гарда не поштедува никого, па ни обичните граѓани. Така вирално стана видеото на американската активистка Тања Керсен која сними како гардистите ја „чистат“ нејзината улица. Полициските сили маршираат по улицата зад воените возила и им викаат на луѓето да влезат во своите куќи.

Керсен и неколку лица не ги послушаа нивните заповеди, па кратко потоа еден од припадниците на гардата извика „light em up” (анг. запалете ги, погодете ги) и ги погодија со канистер со боја. Едно лице и тоа помладо, може да си види од снимката, гардистот успеа да го погоди, но изгледа никој не е повреден.

Националната гарда на Минеаполис демантираше дека се работи за нивни припадници.

Во Минесота моментално се наоѓаат околу 4.100 припадници на Националната гарда, а уште шест илјади се очекува во наредните денови. На сила е полициски час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот