Национална галерија: Професионалност и респект кон влогот и трудот на уметниците

Конкурсите што Националната галерија на Северна Македонија ги објави пред еден месец, Конкурс за зрел уметник и Конкурс за млад уметник, предизвикаа голем интерес. До крајниот зададен рок (20 јули) на адресата на галеријата аплицирале 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори на конкурсот за млад уметник.

– Особениот интерес го потврдува фактот дека на ликовната фела, по долг период им беше понуден професионален повик отворен за сите, селектори се меѓународни стручњаци од областа, а за својот проект селектираните уметници ќе добијат хонорар и средства за реализација и продукција на делата, практика која одамна не се применува на македонската ликовна сцена, а е потврда на професионалност и респект кон влогот и трудот на ликовниот уметник – велат од Националната галерија.

Меѓународната комисијата во состав: Мишко Шуваковиќ – декан и професор на докторски студии по трансдисциплинарна и трансмедијална уметност при Факултетот за медија и комуникации при Универзитетот „Сингидунум“ од Белград, Роман Урањек, уметник и член на групата ИРВИН и Арта Агани Буњаку, ликовен уметник, дизајнер и директор на Уметничката галерија на Косово, ќе има сложена задача да избере еден зрел уметник за победник и двајца млади уметници кои ќе ги реализираат своите проекти во текот на месеците ноември и декември во просториите на Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Финалната одлука и образложението за селекцијата, комисијата ќе ја соопшти јавно најдоцна до 20 август.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 43, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот