Национална галерија: Културолошко-социјална инклузија на децата со аутизам

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против аутизмот – 2 април, Националната галерија на Северна Македонија сериозно вложува напори во подигнување на јавната свест за оваа ранлива категорија на деца.

– Како институција од културата, во рамките на својата Годишна програма, традиционално спроведуваме проекти што се наменети токму на оваа категорија деца. Овогодишниот проект е со наслов „Пссст… Каменот има нешто да ви каже“. Во рамките на проектот беа реализирани работилници во Чифте амам текот на февруари 2020 година, пред да се појави пандемијата со коронавирусот. Тие беа водени под менторство на едукаторот Маја Димитрова. Во работилниците учествуваа учениците од ДСУРО „Св. Наум Охридски“, ПОУ „Иднина“ и Здруженијата за деца со посебни потреби „Имаго плус“ и „Дама ел“, истакна д-р Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија.

Оваа година, поради настанатата ситуација со коронавирусот кај нас и во светот, изложбата со која требаше да биде одбележан денот на борба против аутизмот е прикажана во електронска форма на фејсбук-страницата на Националната галерија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 25, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот