Национализмот и Младиќ: Обожување на џелатот

epaselect epa07461523 Citizens of Belgrade wave Serbian national flags, carry banners with anti-NATO slogans, crossed European Union emblems, photographs of Russian President Vladimir Putin and the Commander of the Army of Republika Srpska Ratko Mladic at a gathering outside the General Staff building, after which they walked through the streets of Belgrade to the Russian Embassy, marking the 20th anniversary of the North Atlantic Treaty Organization (NATO) bombing of Yugoslavia; in Belgrade, Serbia, 24 March 2019. The NATO bombing of the Federal Republic Yugoslavia began 20 years ago in which, according to unofficial sources, about 2,500 civilians and about 1,000 soldiers and police officers died in 11 weeks. In the 78-day bombardment, infrastructure, businesses, health facilities, media outlets and military facilities were badly damaged. The NATO action came after unsuccessful negotiations on a solution to the Kosovo crisis in Rambouillet and Paris, February and March 1999. The bombing of Yugoslavia ended on 10 June, with the adoption of UN Security Council Resolution 1244, followed by the withdrawal of the army and police from the province and the entry of international military troops. EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Каде води величањето на ликот и делото на Ратко Младиќ и негирањето на воените злосторства

Пресудата против Ратко Младиќ е можност да се преиспитаат некои работи. Како е можно џелатот да биде пофален како праведен?

Прашањето е реторичко, се разбира. Секој што ги видел приврзаниците на Ратко Младиќ, знае какви се тоа муфљузи и политички бараби. Но, зошто се размножиле толку многу и зошто се толку добро распоредени – тоа е вистинското прашање. Или подобро: каква е структурата што постепено го опфаќаше и дефинираше јавниот простор, па затоа е нормално да се слави џелатот и да се биде негов симболичен јатак?

 Со Христос и крстот

Да почнеме по ред. Секој национализам има основа во митот, но големосрпскиот национализам преку страдањата и „вечерата на Косово“ станува толку безобразен, што ги имитира и Новиот завет и Тајната вечера, значи ниту од Христа не се држи понастрана. Христијанството го користи тој национализам за да го изрази своето историско битие и траума, што го прави еден од најдлабоките општествени шизофрении во белиот свет. Ставајќи го Христос во сопствената усти, заковувајќи ја сопствената нација на распетието, ова нарушување на колективната свест, дури и самиот симбол на крстот го натопува во државните пасуси, го украсува со „оцила“ и историски џинџурии, коишто со два потези на крпа добиваат сјај на политичка сплетка.

Поотворен и поискрен од многу концепти на масовна агитација, сесрпскиот национализам ја „транжира“ светоста, ја фрла под нозете на демонот на политичкото собрање и го промовира култот кон државата како највисок степен на религиозна практика.

Националистички витез

Државата, секако, е секогаш во криза, отелотворена во лидерот, во овој случај со славното име Александар. Се излажал секој што го потценил. Водачот сфати дека лично мора да ја промовира мазохистичката нота, која важи како шифра за припадност на колективот. И водачот мора да страда, бидејќи тој е главата на напатениот народ. Од таму, претпоставувам, тој е секогаш со лабаво спуштени рамена, со гласот и со говорот на телото на половина пат кон поразот и откажувањето. На еден немушт начин тој испраќа знак дека припаѓа на род кој мора да се чувствува исто, смачкано, како некој кого го камшикуваат и го коваат на крст. Иако е прегазен, осакатен од клетвите на душманите, на половина пат да биде претворен во ќебапче, Водачот на крајот се крева и зборува со громогласни зборови. Како Роки кој воскреснува по силните удари, Вучиќ секогаш од својот мазохизам излегува со повикот „Србија!“ – додека сиротата Србија, невина како Адриен, трепери покрај рингот.

Вучиќ стана шампион на грандиозните аманети, чувар на вечните вистини и, рака на срце, сератор кој сè уште се нема родено во регионалната политика. Тој е витез на еден освежен национализам во полн ек. Кој не верува, нека погледне наоколу.

Ревизија на фашизмот

Навистина, кога ќе се погледне црногорскиот национализам во зачеток, некакво величање на гудурските чети и на перјаничкиот кичерај под знамето шиено во компанијата „Ласер ДОО“, Љубушко, кога ќе ги споредите сите оние недефинирани аспирации на мали бројки со мрачната конфузија на вучиќевската Србија, тогаш гледате кој е тато во соседството. Национален мит кој не се плаши од Бога, напротив, се однесува како божја франшиза на земјата, се шири во своите парадоксални насоки, за него нема правила на однесување, казни, граници, а камоли историја и судови.

Затоа е сосема можно, со малку славски квасец и многу „завичаен“ патос, Ратко Младиќ да биде херој. И, уште поважно – жртва! Како жртва тој единствено им е добар на народните водачи, да го стават покрај Лазар, Дража и неколку кошаркарски екипи искрадени од судиите.

Сè се врзува во голем регионален круг пред наши очи. Намерата на црквата да ги претвори гласачите во стадо, како и општото „нарикање“ на граѓанската Црна Гора на тоа му служат – да се отворат вратите за огромните влијанија на ирационалното во политиката, да се додаде поствистината на Фејсбук, која растура по светот, на пара-историското ѓубре и на ревизијата на фашизмот.

 Тишина, па закана

Верските симболи се пуштени во оптек во политиката за да се оправда сè што разумот не го може. Кога Маша Милачиќ крева три собрани прсти како сиромавиот да ќе се прекрстува, „вишата сила“ е најниското што може да биде, паркирана е како „мајбах“ пред националната капела и служи за транспорт на трупови. Овој пат тоа се коските на убиените во Сребреница. Во смрт ги одвезе возачот Ратко Младиќ. Пресудено. Од него во наредните денови и години ќе градат мит. Младите пратеници нема да сакаат да кажат дека Младиќ е криминалец. Тишината полека ќе се претвори во пофалба или закана.

Не знам зошто, но тука го повикувам Сиоран за помош: „Кога ѓубрињата ќе бидат крунисани со мит, очекувајте некој масакр, или уште полошо, нова религија.“

Преземено од „Вијести“ од Подгорица

Видео на денот