Националната гарда на Вермонт му додели медал за заслуги на претседателот Пендаровски

Фото: Кабинет на Претседателот на РСМ

Соработката меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се остварува преку обука на припадниците на двете армии, реализација на заеднички вежби, како и заедничко учество во мировни мисии беа тема на разговорор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

– САД се наш клучен поддржувач од нашата независност до денес, а соработката во областа на одбраната која почнува од самото формирање на нашите вооружени сили во 1992 година постојано се унапредува и продлабочува, истакна претседателот Пендаровски на средбата.

Како потврда за одличната соработка, се посочува, беше посочено заедничкото учество на воената вежба „Брз одговор 22“ на Криволак, спонзорирана од Армијата на САД во Европа заедно со силите од шест други членки на НАТО, а на која учествуваа околу 4.600 војници.

– На средбата стана збор и за Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година и другите билатерални правни аранжмани, коишто обезбедуваат широка рамка за соработка, при што беше посочено дека имa потенцијал за продлабочување на стратешкото партнерство, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот.

На средбата и претходеше свеченост во Кабинетот на Претседателот на која генерал-мајорот Грегори Најт му додели Медал за заслуги на претседателот Пендаровски за особени достигнувања во периодот од 12 мај 2019 година до 9 јули 2022 година, како извонреден и важен поддржувач на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот