Начинот на живот може да помогне да се намали ризикот од дијабетес тип 2

дијабетес
Фото: Профимедиа

Дијабетесот тип 2 е сериозна здравствена состојба, а понекогаш доаѓа со некои предупредувачки знаци – состојба наречена преддијабетес.

Следејќи повеќе од 3.200 луѓе со преддијабетес речиси 21 година, истражувачите се обидоа да утврдат дали постојат ефективни начини за спречување на преддијабетесот да премине во дијабетес тип 2. Во студијата објавена оваа недела во списанието „Циркулејшн“, истражувачите објавија дека со промената на начинот на живот, вклучувајќи поголема физичка активност, здрава исхрана и губење на тежината од 7 отсто или повеќе, долгорочно и ефикасно може да се одложи или спречи развитокот на болеста.

Сепак, студијата покажа дека овие стратегии не го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

„Ризикот од кардиоваскуларни болести кај луѓето со преддијабетес е зголемен и дополнително се зголемува во случај да се развие дијабетес тип 2“, истакна д-р Роналд Б. Голдберг од Универзитетот во Мајами, САД.

Фото: Pexels/Artem Podrez

„Врската помеѓу дијабетес тип 2 и кардиоваскуларните болести е сложена и бара повеќе истражувања за подобро да се разбере“, рече д-р Едуардо Санчез од Американското здружение за срце. „Сепак, овие важни резултати исто така ни кажуваат дека интервенцијата во начинот на живот е неверојатно ефикасна во одложување или спречување на дијабетес тип 2, што само по себе може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести“.

Што е дијабетес тип 2?

Дијабетесот тип 2 се јавува кога телото не може да го користи инсулинот што го произведува за да го процесира шеќерот во крвта и панкреасот не може да произведе доволно инсулин. Кога шеќерот во крвта е хронично висок, може да ги оштети крвните садови предизвикувајќи широк спектар сериозни здравствени ризици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот