Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето на Светското ракометно клупско првенство

фото: Македонски олимписки комитет

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача на Светското ракометно првенство за клубови што се одржува во Египет.

Денеска од 17.00 часот во полуфиналето во Каиро Барселона ќе игра против тимот на Веспрем, и токму овој меч на европските гиганти ќе го судат Начевски и Николов.

Победникот од тој дуел на 3 октомври во натпреварот за пехарот ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Магдебург и Ал Ахли.

Претходно Начевски и Николов на Светското клупско првенство го судеа мечот во групата Ц помеѓу Халеџ Клуб – Магдебург (28:35).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот