Начевски и Николов ќе го судат финалето на ракометниот турнир во Токио

фото: EPA/EFE

Ново големо признание за македонската судиска двојка, и официјално објавено е дека Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе делат правда на финалниот натпревар на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио.

Битката за златниот медал е в сабота од 14.00 часот по македонско време, Франција ќе ги одмери силите против Данска.

За Начевски и Николов ова ќе биде вкупно седми натпревар на турнирот, претходно во групната фаза делеа судиска правда на мечевите Шпанија-Норвешка 28:27, Франција-Германија 30:29, Норвешка-Франција 32:29, Португалија-Египет 31:37, Португалија-Данска 28:34, и четвртфиналната пресметка Германија-Египет 26:31.

Претходно од 10.00 часот е мечот за бронзата, Египет ќе игра против Шпанија на кој еден од официјалните лица ќе биде Драган Начевски, а судии се Германците Р. Шулце и Т. Тонис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот